Властите во Пекинг ќе го казнат секој кој на Интернет ќе ја критикува владата

Од:

Властите во кинеската престолнина ќе го казнат секој кој го користи Интернетот за да ја критикува владата во врска со поројните дождови од минатиот викенд, во кои имаше 37 жртви, пренесоа западните агенции.

Веќе четири дена властите на Пекинг немаат објавено нови податоци за жртвите на поројните дождови, кои беа најобилни во последните над шеесет години.

Откако видоа кадри на прелеани реки и поплавени патишта, многу жители на Пекинг сметаат дека реалниот број на жртвите е многу поголем од претставениот од владата.

Во вторникот кинеските власти ги повикаа официјалните медиуми да се концентрираат на објавувањето позитивни информации, како што се херојските постапки на спасувачите и помошта за населението.

„Во иднина строго ќе ги казнуваме оние кои користат Интернет за да пуштаат и лиферуваат политички гласини и да ја напаѓаат Комунистичката партија, државните лидери и системот“, изјави началникот на полицијата во Пекинг, Фу Чанхуа.

Според Пекинг, во поројните дождови загинаа 37 лица, но медиумите денеска соопштуваат дека има приближно 61 жртва, а според информации на Интернет жртвите се бројат со стотици, посочуваат американските медиуми.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Експлозија во трговски центар во Кина – ранети лежат на улица

А1он

Кина: Не учествуваме во управувањето со Панамскиот канал

САД најавија царини за стоки од ЕУ и Кина

Кинескиот потпретседател Хан Женг ќе присуствува на инаугурацијата на Трамп

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бројот на загинати во земјотресот во Тибет се искачи на 126

Горан Наумовски

Кинеска вселенска ракета експлодираше откако беше лансирана

Горан Наумовски