Локалната власт во украинскиот град Мариупол тврди дека руските сили почнале да го бомбардираат „коридорot“ наменет за евакуација на жителите од тој град.
Во моментов е во тек воздушното бомбардирање врз Мариупол, изјави советникот на градоначалникот на Мариупол, Петро Андриушченко, јави Си-Ен-Ен.
Андриушченко тврди дека се вршат воздушни напади со цел да се уништи патната инфраструктура и целосно да се изолира градот.