Владата во Газа вели дека израелските сили малтретирале луѓе во болницата Ал Шифа

Од:

Канцеларијата за медиуми на владата во Газа тврди дека припадниците на официјалните израелски сили во болницата Ал Шифа малтретирале болни, ранети и раселени, а нападнале и дел од медицинскиот персонал.

Според таа институција, израелски војници тепале луѓе во болница и ги принудувале да се соблечат, притоа навредувајќи ги, пренесе Ал Џезира.

– Побараа и медицинските работници да ги напуштат местата, за да ги сослушаат под закана со пиштол, соопштија од Канцеларијата за медиуми.

Се додава дека израелските војници протерале голем број деца и некои пациенти „лишувајќи ги од лекување и оставајќи ги да се соочат со закани од бомбардирање, снајпери и смртоносни дронови“.

Израелските одбранбени сили (ИДФ) рано денеска започнаа напад врз Ал-Шифа, откако го обвинија Хамас дека оперира од тунелите под огромниот болнички комплекс, што милитантната група и болничките службеници постојано го негираа, објави Си-Ен-Ен.

Палестинската милитантна група Хамас тврди дека најголемата болница во Газа, Ал Шифа, сега е под контрола на израелските сили.

Би можело да ве интересира

Во нападите на Израел низ Појасот Газа загинаа најмалку 96 лица

Горан Наумовски

Во израелски напад врз училиште во бегалски камп во Газа загинаа 10, а ранети се 20

Горан Наумовски

Хамас ги повика светските лидери да ја запрат израелската војна во Газа

ИДФ: Четворица војници загинаа во борбите во Појасот Газа

Горан Наумовски

Брутален напад на хуманитарната зона, има мртви и ранети

Олмерт: Израел го уништи воениот капацитет на Хамас