Владата на Абе поднесе оставка, се очекува Парламентот да изгласа нов премиер на Јапонија

Од:

Јапонскиот премиер Шинѕо Абе и неговата Влада денеска поднесоа оставка, а Парламентот треба да гласа за кандидатурата на неговиот наследник.

Долгогодишниот соработник на Абе, Јошихиде Суга (71) во понеделникот победи на изборите за претседател на владејачката Либерално демократска партија.

Суга, кој повеќе години беше генерален секретар на јапонската Влада, најави дека ќе ја следи монетарната поилитика, државната потрошувачка и реформите на Абе.

Абе минатиот месец најави дека ќе се повлече од премиерската функција поради здравствени проблеми.

Би можело да ве интересира

Трамп: Постигнат голем напредок во преговорите со Јапонија

Јапонија изгуби рекордни 900.000 жители за една година

Горан Наумовски

Кјодо: Најмалку 47 лица повредени во судир на два туристички автобуси

Јапонски осуденик на смрт ослободен по 46 години

Напаѓач избоде неколку луѓе на железничка станица во Јапонија

Возилото во кое се наоѓаше јапонскиот премиер удри во полициско возило

А1он