Спасувачките екипи потврдија дека во урнатата пред два дена петкатна зграда во индискиот град Мумбај животот го загубиле вкупно 61 лице, пренесува ДПА.
Над 30 лица беа извадени од под урнатините. Изутринава беше прекината потрагата по преживеани.
Се претпоставува дека причини за уривањето на 30-години старата градба, во која живееле општински службеници, е неквалитетната изградба или несоодветната реконструкција на приземјето на зградата.