ВИДЕО: Жестоки напади длабоко на територија на Русија

Од:

Во изминатото деноноќие низ Русија се слушнаа неколку експлозии. Така, детонации беа регистрирани во региони длабоко во внатрешноста на Русија: во близина на Смоленск, Тула и Орел.

Според руските медиуми, како што пренесува Некста, во Тула била нападната компанија која произведува оружје. Како што се наведува, станува збор за компанија која произведува ракетни системи „Панзир-С“, а работи и на подобрување на оклопните возила на руската армија.

На социјалните мрежи се појавија неколку видеа на кои се гледаат и слушаат детонации. Не се познати повеќе детали за евентуалните штети во оваа фабрика.

Нема официјална потврда за нападот. Руските власти објавија дека во областа Тула биле соборени дронови.

Русија и Украина ја гаѓаат меѓусебната енергетска инфраструктура во удари дизајнирани да ги нарушат линиите за снабдување и логистиката, при што едната страна сака да ја деморализира другата во речиси двегодишната војна која не покажува знаци на крај.

Во петокот, напад со дрон погоди складиште за нафта во западниот руски регион Брјанск, кој граничи со Украина, за што Москва го обвини Киев. Тоа се случи еден ден по нападот на рускиот нафтен терминал во Балтичкото Море, за кој руските власти изјавија дека бил неуспешен.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Русите го изведоа досега најголемиот напад со дронови на Украина, погодија критични цели

ВИДЕО: Жесток руски напад на Киев со дронови

Катерина Ѓуровски

Третата светска војна е почната алармира поранешниот украински претседател Порошенко

Русија напредува во Украина со најбрзо темпо од почетокот на војната тврдат аналитичари

Катерина Ѓуровски

Украинците објавија фотографии од Орешник, новата ракета на Путин

Катерина Ѓуровски

Руските сите ноќеска 200 пати ја гаѓале областа Запорожје

Катерина Ѓуровски