Руските сили во текот на ноќата и утрово жестокот го нападнаа главниот украинскаи град Киев.
За време на воздушниот напад се слушнале експлозии, а властите известија дека како одговор биле активирани системите за противвоздушна одбрана. Украинското воено воздухопловство соопшти дека главниот град бил нападнат со голем број проектили.
Некои објекти и станбени згради во неколку квартови на Киев се без струја, потврди градоначалникот Виталиј Кличко.
Фрагменти од проектил паднале на покривот на катна зграда во областа Печерски, објави градската воена управа на Киев на каналот Телеграм. Кличко тврди дека во областа Подилски бил погоден инфраструктурен објект и оштетен е гасовод.
Obolon
Kyiv pic.twitter.com/g1UXe2Q4RV— ThreeHappyDachshunds (@TwoHappyDachs) January 2, 2024
Службите за итни случаи работат на погодените локации. „Предупредувањето за воздушна закана сè уште е во сила! Во Киев и во регионот на Киев се активирани системи за противвоздушна одбрана“, изјави Серхи Попко, шеф на градската воена управа во Киев. Воздухопловните сили на Украина исто така ги повикаа жителите на Киев да се евакуираат.
„Киев – останете во засолништа. Голем број проектили се движат во ваша насока. Ракетите во регионот Житомир го сменија правецот и сега се движат и кон Киев“, велат тие. На социјалните мрежи се појавија првите видеа на кои се гледаат последиците од нападот.
Кличко извести дека 10 лица се повредени во една од станбените згради во киевскиот кварт Соломијански, каде што избувнал пожар како последица на ракетен напад. Тој рече дека девет од нив се хоспитализирани, а на еден му била укажана помош на местото на настанот.
The sky is gradually filling with smoke… pic.twitter.com/Wh0hdziFcR
— ThreeHappyDachshunds (@TwoHappyDachs) January 2, 2024
Ракетниот напад врз Киев се случи откако претходно украинскиот главен град беше нападнат со беспилотни летала. Русија во раните утрински часови лансираше вкупно 35 беспилотни летала во Украина, но системите за противвоздушна одбрана ги уништија сите, соопшти украинското воздухопловство.
Украинските власти тврдат дека остатоците од соборениот дрон предизвикале пожар во станбена зграда во една од квартовите на Киев.