Во Киев денеска околу 1 часот по полноќ се слушнаа серија силни експлозии, а според извештаите пет лица се повредени, а голем број згради се оштетени, изјавија тројца очевидци за Ројтерс.
Пет лица се повредени, а зградите се оштетени од урнатините од уништените проектили во киевскиот кварт Днипровски, изјави денеска градоначалникот на украинската престолнина, по претходните извештаи за руски воздушен напад врз градот.
There are at least 51 victims of the Russian attack! Russia tried to hit Kyiv with 10 shaheds and 10 ballistic missiles. Debris fell in three districts of Kyiv on both the right and left banks of Kyiv.
It was a horrible, brutal attack, and people who were sleeping in beds were… pic.twitter.com/JRLGweygkd
— Victoria (@victoriaslog) December 13, 2023
Речиси истовремено со нападот, градската воена управа на Киев издаде предупредување за воздушен напад на главниот град на Украина.
Градоначалникот Виталиј Кличко во порака до Телеграм рече дека жителите на една зграда се евакуираат, а службите за итни случаи работат на гаснење на неколку пожари предизвикани од паѓање на фрагменти од проектил.