(ВИДЕО) Земјотресот од 8,8 степени потресе операциона сала во Русија, лекарите мирно ја завршија операцијата

Од:

Тим од лекари извршувале операција кога силен земјотресот со магнитуда од 8,8 степени го погодил градот Петропавловск-Камчатски, на далечниот исток на Русија, тресејќи ја нивната хируршка опрема и подот на операционата сала, но лекарите останале смирени. Министерството за здравство на Камчатка објави снимки од надзорните камери на кои се гледа како лекарите ги користат рацете за да се обидат да ја држат и стабилизираат и опремата и пациентот.

„И покрај опасноста, лекарите останаа смирени и останаа со пациентот до самиот крај“, напиша министерот Олег Мелников на Телеграм.

Тој не сподели детали за операцијата, но додаде дека пациентот е надвор од опасност.

Земјотресот во Камчатка предизвика предупредувања за цунами дури до Француска Полинезија, Хаваи, Јапонија и Чиле, а по земјотресот следеше ерупција на најактивниот вулкан на полуостровот – Кључевски.

Руските научници проценија дека земјотресот во Камчатка е најсилниот што го погодил регионот од 1952 година. Американскиот геолошки завод соопшти дека земјотресот бил плиток, на длабочина од 19,3 км, со епицентар 119 км југоисточно од Петропавловск-Камчатск, град со 165.000 жители.

Би можело да ве интересира

Земјотрес со јачина од 6,3 степени ја погоди Камчатка

Горан Наумовски

Научниците објаснуваат зошто денешниот моќен земјотрес на Камчатка не предизвика мега-цунами

Горан Наумовски

Нов силен земјотрес на брегот на Камчатка

Горан Наумовски

(ВИДЕО) По катастрофалниот земјотрес, еруптираше вулканот Кључевскаја во Камчатка

Горан Наумовски

ВИДЕО: Цунамито стигна до Хаваи и Калифорнија, опасноста намалена, евакуирана Фукушима

Катерина Ѓуровски

Земјотресот во Русија на 30 јули предизвика цунами во Америка на 29 јули