ВИДЕО: Земјотрес со јачина од 4,4 степени го погоди Лос Анџелес

Од:

Земјотрес со јачина од 4,4 степени според Рихтеровата скала го потресе Лос Анџелес во 12 часот и 20 минути по локално време, соопшти локалната сеизмолошка служба. Земјотресот првично беше проценет на интензитет од 4,7, но во меѓувреме беше ревидиран на 4,4, соопшти агенцијата.

Земјотресот бил плитко и директно под населените области на Лос Анџелес, па се почувствувал на пошироко подрачје и покрај неговиот релативно слаб интензитет.

Како што изјавија многу граѓани за локалните медиуми, им се чинело дека земјотресот е посилен од другите во последно време.

Земјотресите со јачина од 4 до 5 степени генерално носат слабо тресење и се без штета, но противпожарната служба во Лос Анџелес го проверуваше градот.

Нема извештаи за повредени или структурни оштетувања, соопштија од одделот по завршувањето на увидот. Едно лице било привремено заробено во лифт.

Би можело да ве интересира

Посилен земјотрес го погоди Лос Анџелес и ги разбуди граѓаните

А1он