Руските сили рано утринава го нападнаа Харков, вториот по големина град во Украина, со проектили. Како што соопшти регионалниот гувернер Олех Синехубов, во нападот загинале најмалку четири лица, а најмалку 40 се ранети. Меѓу убиените има две жени на возраст од 40 и 56 години, додека меѓу ранетите има две деца на возраст од 10 и 12 години.
Is russia going to request an emergency UN meeting after it shelled random civilian buildings in Kharkiv, Kyiv, Dnipro?
They use their shitty missiles indiscriminately, and then you have dogs saying Ukraine needs to give up territory to these animals. pic.twitter.com/684b4pzGa5
— WarTranslated (Dmitri) (@wartranslated) January 23, 2024
Синехубов рече дека во нападот на Харков руските сили користеле хиперсонични ракети од типот Кх-22, кои имаат огромна боева глава со стотина килограми експлозив.
Гувернерот објави дека цел на руските сили биле градските области Киевски и Салтивски, каде што биле пријавени смртни случаи. Градоначалникот на Харков, Ихор Терехов, на националната телевизија изјави дека делови од градот останале без вода, струја и греење поради нападот.
Руските сили нападнаа и други делови на Харковската област, вклучително и Балаклија, каде беа повредени 88-годишен маж и 78-годишна жена. Синехубов вчера објави дека во руските напади врз градот Купјанск во областа Харков, едно лице загина, а уште едно е рането.
The aftermath of the Russian missile attack on Kharkiv.
Rescuers and locals sort through the debris together, looking for survivors. People are trying to call their loved ones to find out whether they are ok.
📹: Nakypilo pic.twitter.com/nXuf9PPbdI
— Anton Gerashchenko (@Gerashchenko_en) January 23, 2024
Низ социјалните мрежи веднаш се проширија снимки од денешниот брутален руски напад на Харков.
Советникot на украинскиот министер за внатрешни работи. Антoн Герашченко, објави видео од ранета жена која шета низ улиците на Харков со помош на спасувач, со лицето облеано во крв.