ВИДЕО: Вознемирувачка снимка од апсење на 12-годишно девојче кое го избоде братот до смрт

Од:

Расплакано 12-годишно девојче хистерично и велеше на полицијата дека е „опседнато од „демони“ откако до смрт го избоде својот деветгодишен брат во нивниот дом во Оклахома.

На снимката од камерата која била на телото на полицаецот при приведувањето се слуша како плаче девојка и вели дека и е жал.

– Многу ми е жал! Многу ми е жал мамо! Не сакав да се случи вакво нешто. Ова е некое демонско ср*ње! Не знам што ми се случи – вика девојката чиј идентитет не се соопштува.

Девојката им признала на полицајците дека го избодела момчето повеќе пати додека тој спиел во семејниот дом во Тулса. Убиството се случило нешто пред полноќ во јануари.

На видеото се гледа и како мајката избезумено го следи девојчето и вреска по неа додека моли за прошка.

– Има убодни рани во градниот кош. Подобро молете се на Бога да е жив – се слуша мајката.

12-годишната девојка веднаш ѝ кажала на полицијата дека ножот со кој го убила својот брат го фрлила низ прозорецот од собата. Се слуша и како се нуди да ги однесе полицајците до местото каде што паднал ножот. Девојчето си ги пресече рацете.

Момчето било однесено на итна операција, но по нешто повеќе од два часа им подлегнало на раните добиени од три убоди.

Мајката изјавила дека девојчето земало лекови.

– Никогаш немала проблеми во однесувањето додека не ги вратила лековите што ги земала повеќе од една година – рекла мајката.

Таа додаде дека никогаш немала причина да верува дека нејзината ќерка е опасна.

По апсењето, уапсената девојка ги прашала полицајците дали мора да носи лисици. Додека седела во полициското возило, таа постојано повторувала дека си го „уништила животот“ и дека „остатокот од животот ќе го помине во затвор“.

– Си го уништив животот. Ја уништив целата своја иднина. Се е моја вина. Само сакам да се разбудам од кошмарот – рекла девојката.

Полициските снимки не откриваат потенцијален мотив за трагичното братоубиство.

Окружниот обвинител на округот Тулса не можеше да објави никакви информации за случајот, вклучително и обвиненијата поднесени против девојката поради нејзината возраст.
.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Едно лице загина, 12 повредени во престрелка на забава за Денот на вештерките

A1on

ВИДЕО: Торнада ја „нападнаа“ Оклахома

(ВИДЕО) Десетици торнада ги разорија јужните делови на САД, најмалку петмина мртви

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Пет тела пронајдени во куќа во Оклахома, две се деца

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Тројца убиени во пукање во болница во Оклахома, мртов е и напаѓачот

Катерина Ѓуровски

Едно лице загина во оружен напад на фестивал во Оклахома