Министерството за одбрана на Азербејџан соопшти дека битките околу Нагорно Карабах на целата линија на фронтот продолжиле и денес.
Според соопштението на Министерството, борбите се водaт со различен интензитет вчера и во текот на ноќта во правец Агдере-Агдам, Физули-Џабраил и Зангилан-Кубадли.
„Непријателот со минофрлачи и топови ги гранатираше одбранбените позиции на азербејџанската армија“, се наведува во соопштението.
Се додава дека азербејџанските сили ја принудиле ерменската страна да се повлече од важните точки и бројните позиции во областа Кубадли, поради големите загуби на војници и оружје.
Azerbaijani UAVs are destroying anything that moves in Nagorno Karabakh! The Armenian side casualties are uncountable. #NagornoKarabakh #Azerbaijan #Armenia pic.twitter.com/eEOPdxFHNG
— Yakup Ekmen (Eng) (@Yakup_ekmn) October 17, 2020
Азербејџан и Ерменија го постигнаа вториот договор за хуманитарен прекин на огнот во саботата, кој стапи на сила на полноќ по локално време, но двете држави веднаш започнаа меѓусебно да се обвинуваат за кршење на примирјето по што започнаа нови судири.
Обновените судири околу Нагорно Карабах претходно избувнаа на 27 септември откако азербејџанските и ерменските сили се судрија на границата меѓу земјите во текот на летото.