ВИДЕО: Во Турција пустош и лелек, се стравува дека може загинале 10.000 граѓани

Од:

Разорен земјотрес со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала погоди делови од Турција и Сирија. Германскиот центар за геолошки истражувања соопшти дека земјотресот се случил на длабочина од 10 километри во близина на јужниот турски град Кахраманмарас, додека EMSC соопшти дека ја проценува можноста за опасност од цунами.

Бројот на загинати може да достигне до 10.000 луѓе, објави Американскиот геолошки институт (USGS). Според нивните проценки, има 47 отсто шанси тој да достигне меѓу 1.000 и 10.000 луѓе, додека има 27 отсто шанси бројот на жртви да достигне бројки меѓу 100 и 1.000, а 20 отсто шанси да достигне помеѓу 10.000 и 100.000.

Министерството за одбрана на Сирија најави мобилизација на сите свои единици и ресурси, со цел учество во потрагата по преживеани и пружање помош на повредените.

„Сите наши тимови се во готовност. Издадовме тревога од четврто ниво… Ова е и повик за меѓународна помош“, изјави турскиот министер за внатрешни работи Сулејман Сојлу.

„Во овој момент не можеме да кажеме ништо точно за штетите и загубите на човечки животи“, рече тој, додавајќи дека има жртви и дека веќе се случиле 22 последователни потреси.

Гувернерот на провинцијата Газиантеп ги повика жителите да се соберат надвор.

Сириската државна телевизија објави дека зграда во близина на Латакија, на западниот брег на Сирија, се урнала по земјотресот. Провладините медиуми објавија дека неколку згради делумно се урнале во Хама, во централна Сирија.

Цивилната заштита и сириските пожарникари работат на извлекување на жртвите од урнатините.

Турскиот претседател бил информиран за земјотресот, соопшти турското претседателство.

Би можело да ве интересира

Нов силен земјотрес ја погоди Турција

Земјотрес ја погоди Турција

Земјотрес во Турција

Силен земјотрес во Турција

Горан Наумовски

Силен земјотрес ја погоди Турција

Силен земјотрес во Турција