ВИДЕО: Во судар на траекти, 36 загинати

Од:

Најмалку 36 лица загинаа, а десетина се повредени откако траект со повеќе од 120 патници се судри со друг и потона во близина на островот Лама во Хонг Конг.

Траектот во сопственост на електро компанија од Хонг Конг, ги носел работниците и членовите на нивните семејства да го погледнат огнометот по повод кинескиот Национален ден, кога се судрил со друг траект и веднаш почнал да тоне, пренесува Ројтерс.

„Во период од 10 минути, бродот потона. Моравме да чекаме најмалку 20 минути да дојдат спасувачките служби“, вели преживеан патник.

Повеќе од 100 луѓе се згрижени во болниците, пренесува агенцијата АП, истакнувајќи дека девет лица се тешко повредени и дека се наоѓаат во критична состојба. Најмалку едно лице се води како исчезнато.

Вториот траект претрпел оштетувања во сударот, но безбедно стигнал од островот Лама.

Оваа трагедија е најголема од 1996-та, кога повеќе од 40 луѓе загинаа во пожар во трговски центар во Хонг Конг.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Несреќа во Франција, има над 20 повредени, меѓу нив и деца

Горан Наумовски

Жена загина во несреќа на скопската обиколница

Горан Наумовски

Поднесено обвинение против 13 луѓе за трагедијата во Нови Сад

А1он

Се урна лифт во станбена зграда, повредени две жени и три деца во Палермо

Весна Туркулов: Здравствената состојба на тројцата тешко повредени во Нови Сад не е променета

Васко Саздовски е Македонецот кој загина во несреќата во Нови Сад

А1он