ВИДЕО: Во пожар во Шпанија изгоре област со големина од 4.000 фудбалски игралишта

Од:

Првиот голем пожар во Шпанија годинава опустоши повеќе од 3.000 хектари на истокот на земјата и принуди евакуација на речиси 1.500 луѓе, објави денеска државната телевизија RTVE.

Пожарот ја зафатил граничната област меѓу Арагон и Валенсија. Вчера и денеска се евакуирани луѓе, јавува телевизијата, која се повикува на официјални извештаи.

Повеќе од 10 населби во провинциите Кастелон во Валенсија и Теруел во Арагон беа погодени. Во некои области немаше струја, а неколку патишта беа затворени.

Површината на шумата што изгоре одговара на површина од повеќе од 4.000 фудбалски игралишта. Гаснењето на пожарот го отежнуваат силниот ветер, ниската влажност и релативно високите температури за овој период од годината од над 20 степени Целзиусови.

Во гаснењето учествуваат 20 хеликоптери и канадери. Минатата година, Шпанија ја имаше најлошата сезона на пожари од почетокот на рекордите.

Европската програма Коперник објави дека се случиле 493 шумски пожари. Уништени се повеќе од 3.000 квадратни километри.

Би можело да ве интересира

Дилер на дрога загина во судир со брод на шпанската цивилна гарда

Експлозија во фабрика за оружје во Шпанија, има повредени

Шпанија: Во бурата Херминио тројца повредени, 13.000 луше се без струја

ВИДЕО: Најмалку 30 повредени во несреќа на жичница во Шпанија:

Катерина Ѓуровски

Фудбалерите на Шпанија во Валенсија ќе ја пречекаат Холандија во Лигата на нации

(ВИДЕО) Експлозија во фабрика во Шпанија, има мртви и повредени