Во ракетирањето на центарот на Харков повредени се шест лица, од кои едно е дете, а бројката на загинати се утврдува, соопшти Државната служба за вонредни состојби.
Barbaric Russian missile strikes on the central Freedom Square and residential districts of Kharkiv. Putin is unable to break Ukraine down. He commits more war crimes out of fury, murders innocent civilians. The world can and must do more. INCREASE PRESSURE, ISOLATE RUSSIA FULLY! pic.twitter.com/tN4VHF1A9n
— Dmytro Kuleba (@DmytroKuleba) March 1, 2022
Украинските медиуми јавуваат дека е изгаснат пожарот што, по нападот, се појави на покривот од зградата на операта.
Шефот на регионалната државна управа во Харков, Олег Синегубов, изјави дека центарот на Харков и станбените квартови беа нападнати со системите „Град“ и крстосувачки ракети. Од нив, додаде тој, зафатени беа плоштадот во центарот на храдот, каде се наоѓа и зградата на подрачната државна управа.
Државата служба за вонредни состојби претходно соопшти дека во нападот на Харков утринава загинало едно лице, а тројца се повредени.
Извор: МИА