Телевизиските и радио програмите се прекинати во вториот по големина град во Украина, Харков, по руските воени напади, соопшти Регионалната администрација.
Во објава на Фејсбук, Регионалната администрација соопшти дека „повтореното гранатирање“ на ТВ кулата во Харков го запрело телевизиското и радио емитувањето.
„Уништени се деловите на зградата во која се сместени техничката опрема, а степенот на штетата сè уште се проценува“, се вели во соопштението.
Во вторникот руските сили ја гранатираа ТВ кулата во Киев.