(ВИДЕО) Вирална снимка од Грузија: Жена го вее знамето на ЕУ, не и пречи млазот од воден топ

Од:

Од синоќа на социјалните мрежи се шири видео од демонстрант од Грузија како пркоси на млаз од воден топ. На видеото се гледа како жена го вее знамето на Европската унија и не трепнува ниту пред млазот вода од воден топ.

Грузијците синоќа излегоа на улиците поради контроверзниот предлог-закон кој критичарите го опишуваат како напад врз граѓанското општество и независните медиуми.

Законот, поддржан од владејачката партија Грузиски сон, ќе бара од сите организации кои добиваат повеќе од 20 отсто од своето финансирање од странство да се регистрираат како „странски агенти“ или ќе се соочат со значителни казни.

Благодарение на сличен закон, рускиот претседател Владимир Путин прогласи десетици организации посветени на демократијата за „странски агенти“.

Би можело да ве интересира

Захарова: Поради Зурабишвили, Грузија беше на работ на граѓански конфликт

(ВИДЕО) Илјадници Грузијци протестираа против владата на православниот Бадник

Кавелашвили ја презеде функцијата претседател на Грузија

Илјадници луѓе протестираат во Грузија пред инаугурацијата на новиот претседател

Кобахидзе: Либералниот фашизам нема шанси за победа

Михаил Кавелашвили е избран за претседател на Грузија