(ВИДЕО) Ужас во Мајами: Возач на автобус уби двајца патници

Од:

Возач на автобус застрелал двајца патници во Мајами, Флорида. Пукањето се случи рано наутро во неделата во автобус на округот Мајами-Дејд пред трговскиот центар на аголот на Мајами Гарденс Драјв и Северозападната седма авенија.

Инспекторите соопштија дека возачот на автобусот влегол во некаква расправија со патниците кои биле во возилото.

За време на несогласувањето, возачот извадил пиштол и застрелал двајца патници. Тие со хеликоптер во критична состојба биле пренесени во болница, но им подлегнале на повредите, соопшти полицијата.

Се уште не е познато што ја предизвикало расправијата што довела до пукањето.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Евреин испука 17 куршуми во двајца Израелци во Мајами, мислел дека се Палестинци