Проруската народна полиција собори украински авион за извидување „Антонов Ан-30“ во регионот на Доњецк, а се уште не е познато екипажот што се случи со екипажот, соопшти портпаролот на полицијата.
Авионот, пред да биде погоден од оружје на проруската полиција, цел ден кружел над Славјанск, пренесе „Итар Тасс“.
Портпаролот на украинската војска, Владислав Селезнев рекол дека авионот пренесувал хуманитарна помош, пренесе „Интерфакс“.
Селезов нема никакви информации за тоа дали има загинат или повредени.
Очевидци наведуваат дека членовите на екипажот скокнале од авионот, откако тој бил погоден.
Проруската полиција вчера соопшти дека соборила еден украински транспортен хеликоптер „Мил Ми-8“.
Во акцијата која што ја спроведува Киев, против приврзаниците за федрализација на исток на Украина во последните три дена, настрадаа десетици лица, меѓу кои и цивили.
Е. Г.