По напад на украински беспилотни летала синоќа избувна пожар во еден од магацините во руската област Воронеж.
Руските сили за воздушна одбрана открија и уништија неколку украински беспилотни летала над регионот Воронеж, а кога паднаа нивните останки, избувна пожар во еден од магацините, пренесува ТАСС.
У Воронезькій області детонує склад після удару БПЛА https://t.co/9nj0FvTfWi pic.twitter.com/dXBXEIxy9r
— Українська правда ✌️ (@ukrpravda_news) July 7, 2024
Според досегашните информации нема повредени.
Почната е евакуација на жиителите кои живеат во близина на складиштето. Луѓето се сместуваат ов прифатни центри.