ВИДЕО: Украинците извршија голем напад на воен аеродром во Русија

Од:

Во текот на ноќта Украинците со беспилотни летала го нападнаа воениот аеродром Морозовск во руската област Ростовска. Очевидци забележале бројни дронови на небото и изброиле повеќе од 60 експлозии, пренесува Украинска правда. По нападот голем број области останаа без електрична енергија.

Василиј Голубев, гувернерот на Ростовската област, потврди дека се случил „напад од големи размери“ во областа Морозовск. Тој објави дека руските противвоздушни сили уништиле повеќе од 40 цели. Тој потврди дека во нападот е оштетена трафостаницата и дека се санира штетата.

Воениот аеродром се наоѓа на три километри југозападно од градот Морозовск. На аеродромот се стационирани борбени авиони Су-24, Су-24М и Су-34. Веќе во декември Украинците се обидоа со беспилотни летала да го нападнат тој аеродром, каде што се стационирани авиони кои оперираат на бојното поле во Украина.

На социјалните мрежи се појавија серија видеа на кои се гледаат руските обиди да соборат украински беспилотни летала. И покрај ова, се чини дека најмалку два беспилотни летала погодиле некои од целите на земјата, проследени со експлозии.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Русите го изведоа досега најголемиот напад со дронови на Украина, погодија критични цели

ВИДЕО: Жесток руски напад на Киев со дронови

Катерина Ѓуровски

Третата светска војна е почната алармира поранешниот украински претседател Порошенко

Русија напредува во Украина со најбрзо темпо од почетокот на војната тврдат аналитичари

Катерина Ѓуровски

Украинците објавија фотографии од Орешник, новата ракета на Путин

Катерина Ѓуровски

Руските сите ноќеска 200 пати ја гаѓале областа Запорожје

Катерина Ѓуровски