ВИДЕО: Украинците го нападнаа клучното пристаниште во Русија со поморски дронови

Од:

Беспилотни летала ноќеска околу 3 часот по локално време го нападнаа рускиот град Новоросијск.

Локалните власти побараа од жителите да се држат настрана од прозорците и да се кријат во просторија што не е свртена кон морето или во простории без прозорци и со цврсти ѕидови. Градоначалникот Андреј Кравченко претходно предупреди на опасност од напад.

Дел од улиците се блокирани, а во градот е издадено предупредување за воздушна закана. Мештаните пријавиле дека слушнале експлозии, што е потврдено и од видеата објавени на социјалните мрежи. Кравченко во 4 часот и 20 минути соопшти дека нападот е завршен, нагласувајќи дека веќе нема никаква опасност за жителите.

Тој им порача на граѓаните да не ја фотографираат работата на специјалните и оперативните служби. Најави дека ќе се изврши увид во водното подрачје на заливот, поради што ќе биде ограничен пристапот до плажите и насипите. „Ве молиме љубезно да се воздржите од посета на плажи, насипи и рекреативни места покрај брегот за време на оперативните активности“, напиша тој на Телеграм.

Новоросијск стана клучно пристаниште за руската Црноморска флота откако успешните украински напади врз окупираниот Крим ја принудија Москва да повлече голем дел од своите поморски сили од полуостровот. Киев веќе изврши неколку успешни напади на пристаништето Новоросијск, од кои се издвојува оној во август минатата година, кога воениот брод Оленегорски Горњак претрпе голема штета.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Русите го изведоа досега најголемиот напад со дронови на Украина, погодија критични цели

ВИДЕО: Жесток руски напад на Киев со дронови

Катерина Ѓуровски

Третата светска војна е почната алармира поранешниот украински претседател Порошенко

Русија напредува во Украина со најбрзо темпо од почетокот на војната тврдат аналитичари

Катерина Ѓуровски

Украинците објавија фотографии од Орешник, новата ракета на Путин

Катерина Ѓуровски

Руските сите ноќеска 200 пати ја гаѓале областа Запорожје

Катерина Ѓуровски