Гувернерот на рускиот регион Белгород, кој се граничи со Украина, рече дека една жена била убиена, 29 лица биле ранети и неколку стотици домови биле оштетени во постојаните напади од Украина за време на викендот.
„Украинските вооружени сили силно го гранатираа градот Белгород и регионот Белгород“, изјави синоќа гувернерот Вјачеслав Гладков на апликацијата за пораки Телеграм, без да го прецизира времето на гранатирањето.
Na civilisty v Belgordu opět útočí Banderovci raketami.V Kyjevě je bezpečno,kde není bezpečno je Belgorod. Umírají tam civilisté díky dodávce raketometů Vampire agentem Fialou.Stydím se za naší republiku. Rusko zahájilo rozsáhlou ofenzívu,věřím že vrazi budou potrestáni. pic.twitter.com/ghDgWyJlb2
— táta medvěd 🐻 (@MedvedTata) May 12, 2024
Нападите на Белгород се случија откако руските сили во петокот извршија ненадеен напад врз североисточна Украина и зазедоа неколку села во областа Харков.
Руското Министерство за одбрана утринава преку Телеграм објави дека нејзините сили за воздушна одбрана уништиле две конвенционални балистички ракети од советската ера, лансирани во текот на ноќта од украинските сили над регионот Белгород во југозападна Русија.
Oktyabrsky. Belgorod region🇷🇺 The drone does its job well. Ass planned.#Belgorod pic.twitter.com/iEnNz9XF4H
— Khizar Ali Khan (@Khizar_Alig) May 12, 2024
Официјални лица од Киев велат дека неговите напади не се насочени кон цивили, туку дека се започнати против руската воена, енергетска и транспортна инфраструктура за да ги поткопаат воените напори на Москва и да одговорат на руските напади врз енергетската инфраструктура на Украина.
Гладков рече дека се оштетени околу 300 станови во 85 станбени и четири деловни објекти, а директно погодени се четири покриви на станбени згради. Оштетени се и градската болница, регионалната детска болница, училиштето и два спортски објекти, рече тој.
Утринава Гладков рече дека градот Белгород, административен центар на регионот, се соочува со дополнителен ризик од украински напад, додека предупредувањето за воздушен напад е на сила низ целиот регион.