Утрово имало пукање во училиште во Брјанската област, Русија, потврдија оперативните служби за руската државна новинска агенција Тас. Ученичка од осмо одделение, девојче, донела огнено оружје (во училиште) од кое пукала неколку пати“, рекол изворот.
#BREAKING
Shooting reported at Russian school.A female student allegedly discharged a firearm several times inside a classroom in the Russian city of Bryansk. #RT #Russia https://t.co/EyQviW5AUL pic.twitter.com/MhKGoWaxAN
— ⚡️🌎 World News 🌐⚡️ (@ferozwala) December 7, 2023
„Според првичните информации, една ученичка внела огнено оружје во зградата на Гимназијата и испукала неколку истрели, при што се повредени пет лица. После тоа девојчето се самоубило. Од раните починала и една од ранетите“, изјави регионалното Министерство за внатрешни работи. Се претпоставува дека ученичката го зела оружјето на нејзиниот татко.
Лекарите потврдија дека две жртви се во средно тешка состојба. „Едно дете е примено, има повреди на рамото и коленото, состојбата е со средна сериозност. Даваме прва помош и најверојатно ќе биде пренесено во детска болница“, соопштија од градската болница во Брјанск.
⚡️Восьмиклассница устроила стрельбу в гимназии №5 Брянска
По предварительной информации, школьница ранила четырех человек, после чего покончила с собой. Официально это не подтверждено pic.twitter.com/JUMKNovw6D
— Ученик Штирлица2 (@hd7PR5YZbN59013) December 7, 2023
Од Регионалната детска болница известија дека е примено уште едно повредено дете со рана на левото рамо. „Има 14 години, има прострелна рана. Состојбата е средно тешка, хоспитализиран е“, рекол изворот.
На местото на настанот работат полицијата и итната помош. Се истражуваат околностите на инцидентот. Градската управа извести дека две лица загинале, а четворица се повредени, но објавата подоцна била избришана.