Турската телевизија „Бумеранг ХТ“ го прекина емитувањето на квизот „Сложувалка“, бидејќи водителот деновиве им поставувал прашања на учесниците во врска со антивладините протести во Турција.
„Гас маска“, „полиција“, „насилство“, „народ“, “цензура“ и „пафицизам“ се зборовите кои учесниците во квизот требале да ги погодуваат во емисијата. Kвизот секојдневно се пренесувал на телезивијата.
Еден ден по најавата на водителот, емисијата не е емитувана, а претставниците на телевизијата не дале никакво објаснување , пишува турскиот весник „Хуријет“.
– Ситуацијата е конфузна. Едноставно, вчера ме замолија да не ја водам повеќе емисијата – изјавил водителот Исхан Варол .
Демострантите жестоко ги нападнаа турските медиуми дека пристрасно и неетички известуваат за уличните протести. Напнатоста се’ уште е голема и по шест дена од демонстрациите против владата на Ердоган.
Петар Клинчарски