(ВИДЕО) Турска пролет: Демонстрантите им носат пица на полицaјците во Истанбул

Од:

Сликите од турскиот плоштад ги обиколија светот. Демонстрантите им нудат пица на полицајците која бесплатно им ја носат од околните дуќани, а полицијата возвраќа со водени топови и палки.

Нема сомнение дека во Турција се случува народ. Ескалацијата на анти-владините протести потсетуваат на бунтот во Тунис и Египет.

Од тука и се предупредувањата дека демонстрантите ќе мора да внимаваат на неколку елемнти – ако бројот на насобраните се намали, ќе дојде до жестока реакција на полициските сили.

Се предупредува и дека, доколку ако ова навистина прерасне во барање за „промена на режимот“ тогаш демонстрантите мораат да бидат внимателни, нивната борба да не ја превземат контрареволуционерните сили како што се случи во Тунис и Египет.

Протестите откриваат големото незадоволство кое очигледно подолго време тлее во Турција. За време на својот мандат Ердоган настојуваше да и се допадне на Европската унија , со оглед дека тогаш стратешка цел на Турција беше влез во европското друштво, па се пазеше и на слободата на говорот.

270081_565516283471353_1580955465_n

Но откако го доби последниот мандат во 2011. сосема се сврте со исламистичката струја.

Секуларните и напредни граѓани на Турција, посебно младите, не сакаат да дозволат нивната земја да стане уште една база за политиката која ја спреведуваат Муслиманите во Египет и Тунис.

389662_565517693471212_631829248_n

Активистите за актуелната ситуација преку интернет порачаа: Ова почна како мирен протест со цел да се спаси паркот, но се претвори во еден од најсуровите напади на државата против демонстрантите.

Ова е страшен пример колку турската влада е подготвена да оди против сопствениот народ.

Силите на безбедност поединечно ги гаѓаа демонстрантите, за да заплашат, ранат или убијат.

Демонстрантите велат дека власта почнала да го попречува интерентот, и е се потешко да се пристапи на мрежата.

Се чини дека паркот беше последната капка на незадоволството за да се излезе на улица.

На турскиот народ му се насобра премногу-од масовниот прогон на новинарите, на припадниците на војската, опозиционите политичари, па до се поригидната исламизација на земјата која беше бастион на секуларизмот.

Многумина веќе пораќуваат-нема сомнеж дека стигна „Турската пролет“, а следниве денови ќе се покаже дали е ова уште еден историски момент за Турција.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Затворени училишта во Турција поради снежната бура, затрупани автомобили, во тек е извлекување на завеаните

Горан Наумовски

Масакр во Турција: Маж убил осум лица, меѓу кои и неговите најблиски

Горан Наумовски

Ердоган: Турција ги прекина односите со Израел

Ердоган: Нема објаснување зошто процесот на пристапување на Турција во ЕУ е блокиран со години

Ердоган: САД ги користат терористичките организации на Блискиот Исток за свои интереси

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Турција ги нападна Курдите во Ирак и Сирија во знак на одмазда за терористичкиот напад кај Анкара

Горан Наумовски