Три лица загинаа денеска во авионска несреќа во близина на францускиот град Колегиен, во регионот Сена и Марн, кога помалиот авион се урна на автопат.
❗️ [ 🇫🇷 FRANCE ]
🔸 Trois personnes ont été tuées dans le crash d’un petit avion de tourisme sur l’autoroute A4, en Seine-et-Marne. pic.twitter.com/ZKBlMWPELu
— (Little) Think Tank (@L_ThinkTank) June 30, 2024
Мал туристички авион се урна на автопатот А4, а сообраќајот во областа е затворен во двата правци, јавува БМФ.
Според извештаите, леталото удрило во далновод околу 15:45 часот, пред да падне на автопатот.
Ниту едно возило на А4 не е оштетено.