ВИДЕО: Тројца загинати и 15 повредени во судири во Одеса

Од:

 Три лица загинаа, а 15 други се ранети денеска при судири  меѓу приврзаници на новите киевските власти и на проруските сепаратисти во украинскиот град Одеса.

– Три лица се убиени, а 15 се ранети, соопшти претставник на локалната полиција, без да соопшти повеќе детали за инцидентот.

Локалните медиуми објавија дека еден од убиените при судирите во Одеса, каде мнозинството од жителите се Руси, бил застрелан со куршум во пределот на белите дробови.

До инцидентот дошло кога околу 1.500 радикални приврзаници на киевските власти и навивачи на локалниот фудбалски клуб „Черноморец“ се судриле на плоштадот во центарот на Одеса.

Како што јави ИТАР-ТАСС, млади луѓе со маски и ленти со натписи „Десен сектор“, вооружени со синџири, стапови и штитови се обиделе да одржат марш низ централните улици на градот скандирајќи „Слава на Украина“, „Смрт на непријателите“ и „Русите на нож“.

Против нив тргнала колона од активисти на организацијата „Куликово поле“, која обвинува за узурпирање на власта во Украина и се залага за референдум за федерализација на земјата и признавање на рускиот јазик за официјален.

Наспроти обидите на полицијата да ги раздели групите, меѓу учесниците во двата протести избиле судири во кои биле употребени димни бомби и палки. Судирите се прошириле и биле фрлени и „молотови коктели“, при што се оштетени неколку паркирани возила.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми