(ВИДЕО) Три дена, 11 гласања: Уште нема претседател на Претставничкиот дом

Од:

Републиканскиот лидер на Претставничкиот дом, Кевин Мекарти, не успеа ниту во 11. обид да биде избран за претседател на Претставничкиот дом со што се создаде парализа во американската власт каква што не е видена од ерата пред Граѓанската војна.

Групата републиканци кои ја направија блокадата не го поддржаа Мекарти ниту во 11. гласање на третиот ден од обидите да биде избран спикерот.

Републиканците го презедоа Претставничкиот дом на изборите во ноември, но поради ќор-сокакот не е можно избраните претставници да положат заклетва ниту да носта закони.

Нов обид за гласање ќе има денеска.

Ваква криза во Претставничкиот дом не е забележано уште од 1860 година, кога во Соединетите Американски Држави се водеше дебата околу прашањето за ропството. Тога беа потребни 44 круга за да пиде избран претседател.

Групата од 20 тврдокорни републикански пратеници одбиваат да му ги дадат на Мекарти потребните 218 гласови.

Би можело да ве интересира

Првпат во историјата: Сменет преседавачот на Долниот дом на американскиот Конгрес

Претставничкиот дом во хаос откако Кевин Мекарти не беше избран за претседател ниту по три обиди

Катерина Ѓуровски

Претставничкиот дом во САД нема да заседава идната недела поради Ковид-19

А1он