(ВИДЕО) Трамп со музика ги забавуваше новинарите во авион – им пушташе Доли Партон, Павароти, АББА…

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп им приреди необичен момент на новинарите за време на летот со „Ер Форс 1“ од Ирска кон Вашингтон. Тој им пушти песни од својата „одобрена плејлиста“, за која рече дека главно сам ја составил.

Пред да започне музиката, еден од членовите на екипажот им го пренесе прашањето на претседателот до новинарите: дали сакаат да ја слушнат неговата плејлиста. Одговорот беше потврден, по што во кабината беше внесен голем звучник.

„Јас го направив најголемиот дел од изборот. Само сакам да ве усреќам. Ја сакам музиката. Ја сакам добрата музика. Тоа е она што ме прави среќен. Секоја песна што ќе ја слушнете е мој избор. Сите се добри. Го сакаме Елтон, ја сакаме Доли. Ги сакаме сите“, рече Трамп.

Изборот на песни беше прилично разновиден – од кантри-музика и класичен рок, преку опера и поп, па сè до музиката за влегување во арената на еден од најпознатите борачи на сите времиња.

Листата изгледа вака:

Dolly Parton – Jolene
Lesley Gore – You Don’t Own Me
Музика за влегување на WWE ѕвездите The Undertaker-a, Cat Stevens – Wild World
R.E.M. – Losing My Religion
The Who . Baba O’Riley
Luciano Pavarotti – Nessun Dorma
ABBA – Fernando

Би можело да ве интересира

Македонскиот бизнисмен Никола Андреевски на вечера со Доналд Трамп во Мар-а-Лаго

А1он

Трамп ја нарече „смешна“ уредувачката политика на „Фокс њуз“, ги повика поддржувачите да не го гледаат тв каналот

А1он

Зеленски: Украина нема да издржи ако САД застанат на страната на Русија

(ВИДЕО) Трамп ја отпушти Кејти Закарија, една недела откако ја назначи за портпарол на Белата куќа

А1он

Лукашенко до Трамп: Не одлучуваш ти, украинскиот народ ќе одлучи!

А1он

(ВИДЕО) „Шлаканица“ од Трамп за Зеленски: Време е Украина да добие нов претседател!

А1он