Претседателот на САД, Доналд Трамп на предизборниот митинг во Гринвил рече дека само Исус Христос е пославен од него.
„Пред некој ден некој ми кажа дека јас сум далеку најпозната личност во светот, на што одговорив, не не сум… тие тогаш ме прашаа кој е пред тебе? Јас реков Исус Христос“, раскажа Трамп поттикнувајќи силни овации од поддржувачите на митингот.
"Someone said to me the other day, 'you're the most famous person in the world by far.' I said, 'no I'm not' … they said, 'who's more famous?' I said, 'Jesus Christ'" — Trump pic.twitter.com/KaGTYIHdxO
— Aaron Rupar (@atrupar) October 15, 2020
Тој погледна во небото и додаде дека е убеден во тоа и дека е „далеку од Исус“.
Претходно, синот на претседателот, Ерик Трамп изјави дека неговиот татко е спасител на христијанството.
„Демократската партија, крајната левица – стана партија на атеисти кои сакаат да го нападнат христијанството, тие сакаат да ги затворат црквите, оставајќи ги продавниците за алкохол отворени“, рече Ерик за локална радио емисија во Северна Дакота.
Трамп за време на митингот изрази сочуство до предизборниот тим на демократскиот претседателски кандидат Бајден во врска со веста дека двајца негови соработници биле позитивни на вирусот.