(ВИДЕО) Трамп повторно е на Јутјуб: Се вратив

Од:

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп се врати на Јутјуб и Фејсбук, социјалните мрежи што ги користеше за политичко воздигнување се додека не беше блокиран на 6. јануари 2021 година, кога неговите следбеници го нападнаа Капитол.

Во објавата на својот Фејсбук профил и каналот на Јутјуб, насловена како „ЈАС СЕ ВРАТИВ“, објави видео на Си-Ен-Ен во кое беше прогласен за претседател во 2016 година, откако ја победи Хилари Клинтон. Видеото завршува со сцена каде што пишува „Трамп 2024“.

„Извинете што ме чекавте“, вели Трамп на снимката.

Неговиот профил на Твитер беше обновен во ноември 2022 година од новиот сопственик на платформата, Илон Маск, но Трамп сè уште не твитнал.

Трамп ја базираше својата претседателска кампања во 2016 година на социјалните мрежи. Враќањето му дава алатки за да собере пари и да се вклучи со неговите 146 милиони следбеници на трите најголеми платформи додека тој тргнува во нова трка за претседател во 2024 година.

„Внимателно го следиме ризикот од избувнување на насилство додека на гласачите им даваме можност да ги слушнат пораките од кампањата на главните кандидати“, рече YouTube во објаснувањето на одлуката за обновување на каналот.

YouTube го забрани Трамп во 2021 година поради кршење на правилата на платформата, имено поттикнување насилство кога неговите поддржувачи упаднаа во Капитол во моментот кога се потврдуваше победата на Џо Бајден на изборите во 2020 година.

Противниците на неговото враќање на социјалните мрежи ги посочуваат пораките на Трамп на платформата „Вистина“, која тој ја основа кон крајот на 2021 година и на која го следат пет милиони луѓе, како доказ дека тој останува ризик.

Би можело да ве интересира

„САД се ограбени, тоа нема да се повтори“ рече Трамп на средба со Мелони

А1он

Трамп го нападна Зеленски: Ако не беа наместени изборите во 2020 година, немаше да има војна

А1он

Трамп ги иззема мобилните телефони и компјутерите од новите царински тарифи

А1он

Трамп: Лекарскиот преглед помина добро, лекарскиот извештај го очекувам утре

А1он

Песков: Можен е нов разговор меѓу Путин и Трамп

А1он

Трамп: Русија треба да се размрда

А1он