Поранешниот американски претседател Доналд Трамп се изјасни за невин по сите точки од обвинението што пред малку му беше презентирано во судот во Њујорк.
Трамп само се предаде во судот, по што беше формално уапсен.
Доналд Трамп кој е фаворит за републиканска претседателска номинација во 2024 година, ќе се појави на суд, каде што ќе биде информиран за обвинението, ќе му биде земен отпечаток од прст и ќе се фотографира за евиденција и ќе влезе во историјата на САД.
Трамп беше обвинет минатата недела, станувајќи првиот претседател или поранешен претседател кој се соочил со кривична пријава, поради исплата на порно ѕвездата Сторми Даниелс во 2016 година за нејзиното молчење за нејзината врска со Трамп.