(ВИДЕО) Товарен брод во Кина удри во мост, има мртви: автомобили и автобус паднаа во реката

Од:

Утрово во кинескиот град Гуангжу, товарен брод удри во мост, при што во реката паднаа пет возила вклучително и јавен автобус. Државните медиуми наведуваат дека во несреќата загинале две лица, а уште три се водат како исчезнати. На снимката од местото на настанот се гледа скршен дел од мостот и товарен брод под него. Инцидентот се случил во 05:30 часот по локално време. Властите го приведоа капетанот на бродот и ги евакуираа луѓето што живеат во близина.

„Во октомври 2021 година, провинциските власти ја утврдија потребата од зајакнување на мостот, што вклучуваше изградба на структури за избегнување несреќи на столбовите на мостот. Досега, рокот за завршување на работата е продолжен три пати“, објави кинеската државната телевизија CCTV, како што јави Би-Би-Си. Гуангжу се наоѓа на делтата на реката Перл и е едно од најпрометните пристаништа во Кина.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Одмазда на Кинезите, Трамп ја засилува трговската војна со сите

Кина не сака присилно раселување на Палестинците од Газа

Силен земјотрес во Кина

Во сила се царините на Трамп за Кина, експресен одговор на Пекинг

(ВИДЕО) Експлозија во трговски центар во Кина – ранети лежат на улица

А1он

Кина: Не учествуваме во управувањето со Панамскиот канал