Полицијата во Холандија откри поголема количина на дрога и тоа благодарение на чудното топење на снегот од кровот на една куќа, бидејќи за одгледување на марихуаната потребна е повисока температура од просечната.
Неколку дена порано полицијата откри одгледувач на марихуана и во градот Зутпхен, кој имал цела „плантажа“ од марихуана во својата соба за спиење.
Инаку во оваа држава е дозволено во стан да се одглдуваат до пет стебла марихуана, а со себе граѓаните да носат до пет грама канабис.
Е. Г.