ВИДЕО: Стотици тинејџери кршеа автомобили и напаѓаа луѓе во Чикаго, по што почна пукање

Од:

Стотици тинејџери упаднаа на улиците на центарот на Чикаго, кршејќи автомобили, напаѓајќи минувачи и принудувајќи ги туристите во паника да бегаат од пукотниците.

„Каде се нивните родители? Тоа е моето прашање“, изјави за „Фокс 32“ една жена родена во Чикаго додека во центарот на тој град се одвиваше неверојатната сцена.

Камерите снимија како тинејџерите се собираат на улиците, а полицијата како се обидува да воспостави ред во областа. Забележани се големи групи тинејџери како пуштаат музика од блутут звучници и шетаат пред автомобилите во сообраќајот, а некои се обидуваа да влезат во градскиот парк Милениум, кој е забранет за лица под 21 година во вечерните часови, и во Уметничкиот институт во центарот на градот.

Некои тинејџери од групата почнаа да скокаат по автомобилите, ги кршеа стаклата и ги напаѓаа луѓето внатре во нив. Една жена за „Фокс 32“ изјави дека нејзиниот сопруг бил нападнат и претепан откако група тинејџери скокнале на шофершајбната. Мажот бил пренесен на лекување во локалната болница.

Стотици полицајци, потпомогнати од специјални полициски тимови, се спуштија во центарот на градот во обид да воспостават ред по повеќекратните пријави за истрели. Забележано е дека полицијата ги придружува преплашените туристи назад до нивните автомобили или хотели за да го избегнат хаосот, а сообраќајот на авенијата Мичиген во Чикаго беше запрен додека полицијата се обидуваше да воспостави ред.

Полицијата соопшти дека 6-годишно момче било застрелано во раката во близина на Чикаго Луп, а 17-годишно момче било застрелано во ногата. Двајцата се пренесени во болница и се во добра состојба. Фокс 32 објави дека хаосот се чини дека е уште едно „тинејџерско преземање на градот“ планирано на социјалните мрежи, истакнувајќи дека слична сцена се одиграла во Чикаго минатата година.

„Разбирам дека децата добро се забавуваат, но ова е само лошо родителство. Треба да бидеме подобри како родители. Нашите деца не треба да бидат тука“, рече сведок на овие настани.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Полицијата застрела маж во близина на израелскиот Генерален конзулат во Минхен

Горан Наумовски

Пукотници во центарот на Минхен

Горан Наумовски

Мртви и ранети во оружен инцидент во училиште во Џорџија

Пукање во Шведска: Тешко ранет е тинејџер

Пукање во Малме, најмалку едно лице загина

Пукотница во гимназијата во Сански Мост: Убиени се директорот, секретарката и една учителка

Горан Наумовски