(ВИДЕО) Стампедо во Јемен: Најмалку 85 загинати, 300 повредени

Од:

Најмалку 85 луѓе загинаа, а повеќе од 300 се повредени во Сана, главниот град на Јемен, при стампедо, јави француската новинска агенција АФП. Бројот на загинатите и повредените расте доста брзо бидејќи првите информации беа за триесет мртви за време на хуманитарен настан одржан во Сана, град контролиран од бунтовниците Хути, кои ја потврдија веста за АФП.

Бунтовничката новинска агенција Саба наведува дека жртвите веднаш биле пренесени во блиските болници и дека организаторите на овој настан се уапсени. Меѓу загинатите има деца и жени, а се соопштува дека најмалку 50 лица моментално се во критична состојба.

Бунтовниците Хути, врзани со Иран, ја презедоа контролата врз главниот град на Јемен пред девет години, што предизвика интервенција на воената коалиција предводена од Саудиска Арабија за да ја поддржи владата. Оттогаш, војната во Јемен однесе стотици илјади животи и иницираше една од најголемите хуманитарни кризи во светот во оваа најсиромашна земја на Арапскиот Полуостров.

Би можело да ве интересира

Израелската армија пресретна ракета лансирана од Јемен

Гутереш: Израелските напади врз цели во Јемен се особено загрижувачки

Израелски авиони нападнаа голем број цели во Јемен

Русите испраќаат борци и од Јемен да се борат против Украина

САД нападна подземни складишта со оружје на Хутите во Јемен

Четири лица загинаа, а 30 се повредени во израелските воздушни напади врз Јемен