Петар Кујунџиќ Пеџа, главен фотограф на агенцијата Ројтерс задолжен за покривање на Кина, тајван, Хонгконг и Монголија, му овозможи на светот да погледнат во Салата на народот во Пекинг во која се одржа 18. конгрес на Комунистичката партија.
Овој важен момент за Кина, кога беше извршена промена на раководството, новинарите и фоторепортерите не можеа да го следат директно ниту пак да снимаат нешто, бидејќи пристапот во Салата беше дозволен само за првиот и последниот ден од Конгресот.
Петар Јујуџиќ за српскиот весник „Блиц“ раскажа како ја доловил атмосферата во пекинг. Покрај редовната фото опрема, имал камера со мали димензии која можел да ја држи во рака, па снимил доста материјал незабележано.
„Во еден момент ми падна на памет да влезам во Големата сала на народот држејќи ја камерата во рака, и да пробам да го снимам минувањето под рентгенот кој се наоѓа на самиот влез“, вели тој.