Украинската полиција уапси две лица во близина на Рускиот конзулат во Одеса.
Кај уапсените е пронајден пакет за кој се претпоставува дека е експлозивна направа.
Полицијата соопшти дека кај двајцата мажи се уапсени неколку стотина метри од Генералниот конзулат на Русија во Одеса.
На интернет-страницата на украинското Министерство за внатрешни работи објавени се фотографии од сомнителниот пакет.
Речиси 200 демонстранти, меѓу кои и членови на радикалната група Десен сектор, денеска се собраа пред Рускиот конзулат во Одеса, барајќи да биде симнато руското знаме.