(ВИДЕО) Снимка од Газа стана вирална: Со кујнски нож и ја ампутираат ногата, без анестезија

Од:

Кон крајот на минатата година, лекар во Газа снимил страшна сцена – итна ампутација на нога која била извршена на маса во трпезаријата. За да и го спаси животот на младата девојка морал со кујнски нож и без анестезија да и го отсече екстремитетот. Имал само кофа и малку сапун.

На 19 декември 2023 година, 17-годишната Ахед Бсеисо се качила на последниот кат од зградата во близина на болницата Ал Шифа во градот Газа за да се обиде да му се јави на нејзиниот татко, кој живее во Белгија, бидејќи таму сигналот е најдобар. Додека се обидувала да стигне до нејзиниот татко тоа утро, таа забележала големи израелски тенкови на улицата и наеднаш одекнала силна експлозија.

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО:

“Слушнав тресок и ѕидот се урна врз мене. Насекаде имаше прашина и на почетокот не можев да сфатам каде сум”, изјави Ахед за Sky News. Нејзината мајка и роднините притрчале да помогнат. Успеале да ја извлечат од урнатините, но виделе дека едната нога и е скршена, а другата е во уште полоша состојба.

„Го прашав братучед ми дали ногата ми е добро, а тој само ми рече дека е подобро да не гледам надолу“, додала таа. „Немаше хируршка опрема. Вујко ми зеде сапун од кујната и почна да ја чисти ногата. Потоа почна да плаче“, се сеќава Ахед.

Вујкото, лекар, го легнал девојчето на масата во кујната и решил да изврши итна операција. Левата нога била тешко повредена, а десната потколеница на парчиња. Девојката очајно го молела својот вујко да не и ја ампутира ногата, но тој знаел што ја чека. Мораше да избере дали да си ја спаси ногата или нејзиниот живот. „Немаше анестезија, цело време бев свесна“, рече Ахед.

Вујкото ја снимил операцијата за да му покаже на светот какви ужаси се случуваат во Газа. Таа одлука на крајот го променила животот на младата девојка. Имено, видеото го видела Вафа Абед која живее во мало американско гратче во Јужна Каролина.

Како и многумина прогонети Палестинци, Абед внимателно ја следеше ситуацијата во Газа. Кога наишла на видеото од ампутацијата, му кажала на синот Тарек. „Треба да ја побараме оваа девојка“.

Тарек Хаилат, 27-годишен студент по медицина неодамна започна да волонтира за Палестинскиот детски фонд за помош (ПЦРФ). Тој одлучил да ја извади Ахед од Газа. Успеа по повеќе од еден месец и 17 неуспешни обиди.

Израел постојано одбивал да и даде дозвола да ја напушти Газа, а бил нападнат и нејзиниот конвој со брза помош. Кога Ахед пристигнала во САД, се нашла во малку непријатна ситуација – во земја која ја прифатила и ја спасила од ужасите на војната, но која во исто време и дава најголема поддршка на нацијата која и ги нанела повредите.

„Никогаш нема да ги заборавам луѓето кои дадоа се од себе за да ми помогнат. Но, не ми беше лесно да ја напуштам Газа и да заминам на лекување во земја која е можеби дури и поодговорна за мојата состојба од Израел“, рече таа.

Ахед има намера да замине во Јужна Каролина за целосно да се опорави, но сака да се врати дома што е можно поскоро. „Среќна сум и благодарна за оваа можност, но моето срце се уште е со семејството во северниот дел на Газа, што е најстрашното место на светот во моментов“, рече Ахед.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Израел нападна училиште на ОН во Газа, 27 мртви

Словенија ја призна Палестина

Катерина Ѓуровски

Словенија го одлага признавањето на Палестина

Нетанјаху: Нема да има мир во Газа додека Хамас не биде уништен

Поддршка за планот на Бајден за Газа: „Да ја завршиме оваа војна“

Хамас објави дека го одобрува планот на Бајден за мир во Газа, Израел испрати преговарачи

Катерина Ѓуровски