Руските медиуми објавија снимки од надзорните камери кои го снимиле моментот кога плажата во Севастопол била мета на украинските ракети добиени од САД: .
На видеото се гледа почетокот на она што Русите го сметаат за ракетен напад со касетна муниција, која инаку се забранети.
Снимките се направени во неделата, кога се случи нападот, но дури во вторникот беа објавени во некои руски медиуми.
Нападот е снимен од различни агли во Учукујевка, приморски град на брегот на Црното Море. Во тоа време, загинаа пет лица, меѓу кои најмалку две деца, а повеќе од 150 беа повредени, според руските власти.
🚨🇺🇸🇷🇺 U.S. bombs killing civilians on a beach in Sevastopol, Russia. pic.twitter.com/Vg5l61KFky
— Jackson Hinkle 🇺🇸 (@jacksonhinklle) June 25, 2024
Најмалку една бомба паднала на плажата и експлодирала, додека луѓето во паника трчале да се спасат. Едно лице се обидело да стане пред да падне назад и да остане неподвижно да лежи.
Во вториот дел од видеото се гледа како маж го влече детето на земја и го затскрива.
Русија го опиша ракетниот напад како терористички акт и поднесе формален протест кај американската амбасадорка во Москва, Лин Трејси, тврдејќи дека плажата била цел на ракетите АТАКМС, кои Америка и ги подарила на украинската армија.
Вашингтон се огради од нападот, тврдејќи дека Киев самиот одредува како да го користи оружјето донирано од Западот. Тврдела и дека не знаеле дека мета на тие ракети биле цивили.
I think you all better prepare for a shit storm. The “Bandera” are the Ukrainian Nazis <— LITERAL. They just carried out several acts of terrorism in Russia… with American supplied cluster bombs. #sevastopol #crimeandtragedy #Ukraine #bandera #CIA pic.twitter.com/gLwfMOiOr5
— Romney Wordsworth (@RoWordsworth) June 23, 2024
Руските медиуми објавија и снимки од, како што се наведува, нуркачи од Министерството за вонредни ситуации и други припадници на службите кои го истражуваат местото на нападот.
Како што, меѓу другото, беше наведено, тие екипи во водата пронашле делови од касетна муниција.
Но, не само Русите тврдат дека цивилите се цел на забранета муниција. Имено, републиканската конгресменка Марџори Тејлор Грин изјави дека извештаите укажуваат дека пријавените загинати и повредени на цивилна плажа во Севастопол биле предизвикани од касетна муниција испукана од украинските сили.