(ВИДЕО) Снимен е моментот на апсењето на атентаторот на словачкиот премиер

Од:

Словачкиот премиер Роберт Фицо бил застрелан по состанокот на владата кога отишол меѓу насобраните луѓе.

Според информациите, премиерот бил застрелан со неколку истрели во градите и стомакот. Веднаш бил пренесен во болница.

Напаѓачот е уапсен. Според словачките медиуми, напаѓачот испукал неколку куршуми кон премиерот и наводно бил погоден во стомакот.

На видеото се гледа како петмина полицајци во општа метеж и паника го апсат напаѓачот.

На видеото се гледа како полицајците и обезбедувањето во цивилна облека го совладуваат атентаторот и го соборуваат на земја додека граѓаните кои случајно се нашле таму се обидуваат да се тргнат од патот.

Би можело да ве интересира

Дојави за бомби во канцелариите на партијата СМЕР на премиерот Роберт Фицо

Фицо: Словачката опозиција се подготвува за свој „Мајдан“

Фицо не исклучува можност од излегување на Словачка од ЕУ и НАТО

Зеленски ја продолжува „војната“ со Фицо

Гашпар: Фицо нема да отпатува во петок во Киев

Фицо го навреди Зеленски, но ја пофали Русија: Оди наоколу и моли, Русите никогаш не не излажале

Предраг Петровиќ