ВИДЕО: Силна експлозија во руски град, украинците тврдат дека погодиле фабрика за авиони

Од:

Украинската воена разузнавачка агенција (ГУР) го погоди главниот производствен погон на фабриката за авиони во руската област Воронеж, дозна денеска Ројтерс од украинските разузнавачки кругови.

Според истиот извор, погоден е објект за поправка на авиони во градот Борисоглебск, но нема информации за степенот на штетата. Градот се наоѓа на најмалку 350 километри од линијата на фронтот контролирана од Украина, на североисток.

Ројтерс не може независно да ги потврди наводите. Руското Министерство за одбрана претходно соопшти дека над таа област биле соборени два украински беспилотни летала. На видеата се гледа противвоздушната одбрана во акција, пред да се слушне силна експлозија. После тоа, густ облак од чад почнува да се крева од местото што е погодено.

Киев сè повеќе напаѓа подлабоко на руска територија, гаѓајќи ги воените објекти и енергетската инфраструктура што ја напојува руската воена машина. Главно користи дронови со долг дострел од домашно производство.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Русите го изведоа досега најголемиот напад со дронови на Украина, погодија критични цели

ВИДЕО: Жесток руски напад на Киев со дронови

Катерина Ѓуровски

Третата светска војна е почната алармира поранешниот украински претседател Порошенко

Русија напредува во Украина со најбрзо темпо од почетокот на војната тврдат аналитичари

Катерина Ѓуровски

Украинците објавија фотографии од Орешник, новата ракета на Путин

Катерина Ѓуровски

Руските сите ноќеска 200 пати ја гаѓале областа Запорожје

Катерина Ѓуровски