Шпанската блогерска двојка Винсенте и Фернандa, кои биле на патување со мотор низ Индија, на социјалните мрежи објавиле дека група мажи ги нападнале, ги ограбиле и ja силувале Фернандa.
Тие на 1 март објавија видео на кое се гледаат со модринки и отоци на лицето, додека и двајцата изгледаат потресени. Тие за шпанските медиуми изјавија дека биле нападнати во областа Думка во индиската држава Џарканд, популарна туристичка дестинација.
Таму застанаа на пат кон Непал да се одморат и поставија шатор во близина на пазарот Хансдиха. Откако заспале, тврдат, седум млади момчиња упаднале во шаторот и ги нападнале.
a travelvlog couple trying to visit every country in the world decided to go to India as their latest destination.
11 hours ago they announced they were at the hospital because he had been beaten up and she had been gang raped by 7 men. pic.twitter.com/WNSd21TUi5
— pagliacci the hated 🌝 (@Slatzism) March 2, 2024
“Седум мажи ме силуваа. Не тепаа и ограбија иако не земаа многу работи бидејќи нивната намера беше да ме силуваат”, вели Фернанда додавајќи дека им се заканувале дека ќе ги убијат.
„Не совладаа. Ми ставија нож на вратот и ми рекоа дека ќе ме убијат“, вели Винсенте во едно од видеата. „Фернанда беше силувана. Ја силуваа седуммина. Кучки синови“, вели Фернандо во едно од видеата кои во меѓувреме се избришани од социјалните мрежи.
Полицијата во Думка им соопштила на новинарите дека шпанската двојка била пренесена на лекување во локалната болница.
„Двојката зборуваше мешан шпански и англиски јазик, па патролниот тим на почетокот не ги разбра. Но, тие изгледаа видно повредени, па беа однесени на лекување“, изјавија од полицијата, додавајќи дека потоа им го спомнале наводното силување на лекарите.
Полицијата подоцна додала дека уапсила четворица мажи, а се уште трага по уште тројца. Нивниот идентитет се уште не е познат, но се знае дека се трага бидејќи ја претепале Фернанда. Силувањето не се споменува.
Би-би-си ја контактираше и бразилската амбасада во Индија, која соопшти дека Фернанда, која има двојно бразилско-шпанско државјанство, и Винсенте биле жртви на сериозен напад. Од амбасадата изјавија за Би-Би-Си дека ја контактирале жената преку локалните службеници, како и преку шпанската амбасада, бидејќи парот користел шпански пасоши за да влезе во Индија.
Винсенте и Фернанда се познати на социјалните мрежи по нивниот канал Vuelta Al Mundo En Moto (шпански: Околу светот на мотор) и патувале низ повеќе од 60 земји откако го започнаа своето патување околу светот од Барселона пред пет години.
Со своите мотоцикли поминале 170.000 километри. Тие се амбасадори на мотоциклите KLM, а имаат над 122.000 следбеници на Инстаграм, каде што ги документираат своите патувања.