Најмалку шест лица на возраст од три до 19 години, од кои четири помлади од 15 години, се застрелани во станбен комплекс Форт Ворт, Тексас. Инцидентот се случил синоќа околу 19.30 часот кога полицијата добила дојава за пукање во западниот дел на градот, пишува ABC News.
„Кога полицијата пристигна на местото на настанот во 19 часот и 38 минути, на паркингот пронашла неколку жртви со прострелни рани. Шест од нив се здобиле со полесни до тешки повреди“, соопшти полицијата во Форт Ворт.
Пет жртви биле префрлени во локалните болници.
Засега не се знае каква е состојбата на жртвите кои се пренесени во болница.
„Потврдуваме дека на ова подрачје е забележано сомнително возило и дека најмалку едно или повеќе лица од автомобил пукале кон жртвите“, соопшти полицијата.
Надлежните сметаат дека станува збор за изолиран инцидент и дека нема понатамошна опасност за јавноста. Покрената е истрага, а полицијата трага по напаѓачите.