ВИДЕО: Се урна зграда во Индија, загинаа 29 лица

Од:

Најмалку 29 лица загинаа откако се урна зграда во изградба во предградието на Мумбаи.

Спасувачките служби спасија 60 лица меѓу кои има две деца, соопшти полицијата.

Екипи работат на извлекување на оние кои останаа под урнатините на бетонот висок околу осум метри.

Се претпоставува дека лошиот градежен материјал е причина за несреќата.

Изградбата на зградата не била легална поради што ќе се спроведе дополнителна истрага.

Во ноември 2010 година, 69 лица ги загубија животите, а 80 беа повредени откако се урна зграда во Њу Делхи, која исто така беше во изградба.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Се урна зграда во Индија, двајца загинати, 12 спасени

Индија може да се подели на два дела

Индија: Автобус удри во пешаци, најмалку шест лица загинаа, 49 се повредени

Земјотрес со јачина од 5,3 степени според Рихтеровата скала ја погоди Индија

(ВИДЕО) Пожар избувна во индиската фабрика за iPhone

Горан Наумовски

Голем број мртви и повредени од експлозија во фармацевтска фабрика во Индија