Судирот на товарен воз кој излета од шини и камион во близина на Балтимор предизвика силна експлозија, која што им нанесе материјална штета на околните згради и ги запали.
Како што соопштуваат противпожарните служби, експлозијата ја почувствувале жителите во пречник од пола километар.
Во несреќата возачот на камионот се здобил со тешки повреди, но е надвор од животна опасност.
Возот и камионот се судриле во местото Вајт Марш, а од шините излетале најмалку 15 вагони, од кои два се превртеле, изјави за медиумите шефот на локалната противпожарна служба Џон Хохман.
Официјалните лица ги посоветуваа жителите на најмалку 20 околни блокови да ја напуштат областа, пренесе „Асошиејтед прес“.