(ВИДЕО) Руските сили погодија фабрика за тутун во британска сопственост

Од:

Додека претставниците на американскиот претседател Доналд Трамп преговараат со Москва за мир, руски дронови денеска погодија западна инвестиција во Украина.

Во напад на руските сили e погодена фабрика за тутун во британска сопственост во Черниговската област во Украина, при што се запалил покривот на објектот, пренесуваат британските и украинските медиуми.

Фабриката на компанијата „Бритиш американ тобако Украина“ (БАТ) била погодена во градот Прилуки, источно од Киев, објави Џи-Би њуз.

Според достапните информации, во моментот на нападот сите вработени се наоѓале во засолниште и никој од нив не бил повреден. Една жена доживеала акутна реакција на стрес и подоцна ѝ била укажана медицинска помош.

Според првичните информации, повредена била и жителка која во моментот на нападот се наоѓала на блиската автобуска станица.

На местото на нападот се полициски истражни екипи, форензичари и сите служби за итна помош.

Би можело да ве интересира

ЕУ подготвува голем пресврт: Украина, Албанија, Молдавија и Црна Гора на списокот за забрзано членство, за останатите соработка во вселенската индустрија

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) На работ на пропаст: Нема храна, вода ни лекови, луѓето од очај јадат трева

Бабиш: Европа не прави ништо за да ја запре војната во Украина

А1он

САД отвораат нов фронт против Русија: Трамп добива овластување за царини до 100%

Загина британски војник во Украина

А1он

(ВИДЕО) Дали украинскиот државен обвинител побегна од земјата сред ноќ со службено возило?

А1он